Влада во која Оливер Спасовски е министер за внатрешни работи може да ни гарантира само скандали и владеење на криминалот, реагираат во утринското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Со СДСМ добиваме нерасчистени убиства, мафијашки пресметки по улиците, секојдневни грабежи, пораст на криминалот како и несигурност кај нашите сограѓани, велат од партијата.
Оттаму додаваат дека Македонија поради СДСМ стана земја во која цвета организираниот криминал и корупцијата. Македонија стана најкорумпирана држава во која градоначалници од власта се претворија во локални шерифи кои под закрила на институциите шверцуваа цигари или тепаа пак граѓани во своите кабинети.
Владата која ја крои Заев е продолжение на времето кога полицијата беше нем набљудувач на прекршувањата на законите од страна на подземјето во коалиција со моќниците од власта, се вели во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.