Крими-картелот Заеви се во огромен страв и паника. Наместо обвинителството да приведува и сослушува луѓе за кои има пријави за очигледен криминал и рекет, пипците од обвинителството на Заев ловат во матно и бараат свиркачи помеѓу професионалците за да го спасуваат од криминал Вице Заев.Нема поголем доказ за стравот, паниката и инволвираноста на Заеви во овој случај на рекетирање бизнисмени, но и прикривање на очигледни докази за нивна вмешаност. Вице Заев краде, Зоран Заев штити, Оливер Спасовски исполнува – реагира ВМРО-ДПМНЕ откако Александар Јанев, поранешен началник за оранизиран криминал во МВР во време на техничката влада и Илија Чалшев Менис, полициски инспектор за организиран криминал се приведени поради оддавање службена тајна.

Јанев и Чалшев се приведени за случајот што го обелодени опозициската ВМРО-ДПМНЕ за рекетот во РЕК Битола, а во кој како што обвини партијата, е вмешан Вице Заев, братот на премиерот.

Наместо да ловат во матно и да сеат страв помеѓу професионалните кадри во МВР и ЈО, СДСМ и Заеви треба да одговараат. Сѐ уште чекаме реакција од Јавното обвинителство и од Оливер Спасовски за двете клучни кривични дела поврзани со аферата која ја објавивме. Прашуваме кога ќе бидат повикани Вице Заев, заедно со Васко Ковачевски, Чифлигароски и другите да дадат искази за рекетот кој сакале да го изнудат и кога Јавното обвинителство ќе отвори истрага за фалсификувањето на пријавата, каде што треба виновниците да одговараат кривично? Мафијата е фатена жива во криминал и нема да се спаси – велат од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.