Срамота е СДСМ да се фали дека купиле 40 дрегери, во услови кога издале пасоши 215 наркобосови и се уште нема разрешница, велт од ВМРО-ДПМНЕ.

Спасовски го урна кредибилитет на полицијата. Мафијаши од цел свет добивале пасоши со македонски идентитет, а Спасовски наместо да си даде оставка го пушта Каевски да го фали дека купил 40 дрегери.

Вице мистериозно исчезнува од пријава за рекет во РЕК Битола, а Каевски го фали Спасовски дека купил чизми.

Нашите стратешки партнери забележуваат дека нема ефективна борба против криминалот и дека одговараат само ситни риби, додека луѓето од врвот остануваат нечепнати, а Каевски го фали Спасовски.

Толку се очајни во СДСМ, што следно може да се пофалат дека купиле 20 пенкала.

Време е срамењето на службата и државата да запре. Време е за одговорен пристап. Време е за Македонија за сите луѓе!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.