Силни општини, силна држава. Ќе се фокусираме на јакнење на децентрализираниот систем, подобрување на условите за спроведување на веќе пренесените надлежности и осигурување на непречен трансфер на остатокот од зацртаните цели и ресурси во согласност со Законот за локалната самоуправа кои се однесуваат на локален економски развој, образование, култура, здравство, спорт и други области, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Во насока на децентрализација ќе извршиме и трансфер на спортски објекти од централно на локално ниво. На локално ниво се обврзуваме и на приближување на примарното здравство до граѓаните во урбаните и руралните средини.

Се обврзуваме на заокружување на проблемот со наследените долгови кај општините и воведување на контролни мерки за оневозможување на понатамошни непродуктивни задолжувања на истите.

Во насока на поголема финансиска самостојност на општините и зголемување на нивните буџети ќе овозможиме законски измени со цел средствата собрани од персоналниот данок од земјоделска дејност и пренамена на земјиште да станат приходи на општините. Дополнително ќе се зголеми и процентот на персоналниот данок на доход и ддв кој ќе се префрла кон општините.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ се обврзува да се посвети на поголемо финансирање на регионалните и меѓуопштинските проекти, а заради економско изедначување на планските региони. Предвидуваме процентот на одделување на средства по региони да биде сразмерен со степенот на нивната развиеност. Се обврзуваме на обнова“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.