„Здравје, а не провозии“, градскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ најавува протест в сабота, во 11,30 часот пред министерството за здравство

3.500 починати поради корона. Провизии за вакцини преку фантом фирми, а вакцини нема. Сведоштва за тоа дека пациенти умираат, а кислород нема. Болниците не можат да одговорат за потребите на сите пациенти, докторите го даваат максимумот, но министерот не.
Денес починаа 25 луѓе. Овие животи можеа да бидат спасени, доколку министерот за здравство Филипче обезбедеше вакцини. Имаме полициски час кој е воведен како алиби дека се прави нешто, но резултати нема. Главниот проблем е што немаме систем, а имаме скандали. Системот не функционира затоа што министерството за здравство има помешани приоритети, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Од градскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ бараат оставка од министерот за здравство Венко Филипче.

Овој протест е под мото “Здравје, а не провизии!!!”- Оставка на Филипче! Одговорност затоа што здравството не функционира, затоа што не смее да се молчи на неправдите, грешките, немањето на одговорност, за системот кој не функционира. Не смееме повеќе само да се бројат жртвите и да останеме без одговор на губењето животи. Аплауз за докторите, уаа за Филипче!, велат од ВМРО ДПМНЕ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.