Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев најави дека партијата в петок (11 септември) ќе одржи нов протест против поскапувањето на струјата.
Поскапувањето на струјата значи бизнис за СДСМ. Мафијата си продолжува со профит. Мафијата продолжува со бизниси – изјави Јанушев на прес-конференција.
Како што најави Јанушев, протестот ќе се одржи во 14 часот пред Регулаторната комисија и еден час со автомобили ќе ја блокираат крстосницата и пристапните улици.
Првиот од низата најавени граѓански протести ВМРО-ДПМНЕ го одржа во средата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.