Уништувањето на билбордите е доказ за нервозата и паниката која владее во СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Причината за демолирањето на билбордите кои ја говорат вистината за Зоран Заев е стравот во владејачката партија од соочување со одговорност и уште еден обид за цензура на вистината. Додека Заев се богати, два милиони осиромашуваат е вистината за криминалот на Заев кое неговото обвинителство и судот по принципот “трас-трас” го амнестираше, стои во партиското соопштение

Понатаму се додава:

„Насилството, цензурата и криминалот се белег на хибридниот режим на Зоран Заев. Тоа нема да не спречи туку не охрабрува да продолжиме да ја говориме вистината за тоа како Заев владее во земјата. Не може да сме најкриминалната земја во Европа, а Заев да е невин. Тој е креаторот и мозокот на ректот во Македонија“.

Од ВМРО-ДПМНЕ, ги повикаа надлежните институции да ги пронајдат насилниците и да ги превземат потребните мерки за ваквиот обид за цензура.

На СДСМ вистината им смета: Членови на партијата со сина боја го пoкpивaa ликот на Заев кој зема 200.000 евра митo



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.