СДСМ се служи со груби клевети и лаги за да се тргне вниманието од ограбувањето на народот. Тотална Лага е дека Христијан Мицкоски ја покачил цената на струјата за 100 проценти, и поради таквото груба клевета на портпаролката, Богданка Кузеска пратена од Зоран Заев ќе заработи тужба за клевета доколку јавно не се извини, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Што се однесува до втората лага дека протестите биле против Европската иднина, видовме како СДСМ и Заев ја разбираат европската иднина, а таа оди преку контраверзниот бизнисмен со руски врски Дака Давидовиќ кому Заев му овозможи измена на ДУП првиот ден од новата влада за бизнис вреден 200 милиони евра. Додека го ограбува народот Заев е во тесни бизнис врски со контраверзен бизнисмен за кого постојат написи и сомневања дека пере пари од источни земји, појаснуваат тие.

И сосема на крај, протестот е поради тоа што мафијата на Заев го ограбува народот со скапи сметки за струја. Затоа што во исто време кога министрите и директорите уживаат привилегии и раскош народот живее на вересија. Заев додека вели дека блескаме, над сто илјади луѓе живеат со помалку од 50 денари дневно, заклулучуваат од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.