Со објавување на бројката на новоинфицирани се прават обиди или ако можам грубо оваа бројка се штелува на некој начин, односно тајмингот на објавување на бројот на позитивни е под директно политичко влијание. Зголемувањето на бројките кажува дека имаме многу заболени, потоа има и голем број на починати. Треба да се гледа и бројката на хоспитализирани. Ако вака продолжи не може да се кажи дека ситуацијата е под контрола, рече доктор Игор Николов, член на Извршниот комиет на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на емисијата „Заспиј ако можеш“ што се емитува на телевизија Алфа
Требаше со поголемо тестирање да се детектираат кластерите. А тоа не се случи. Понекогаш и Комисијата за зарни болести ќе предложи нешто тоа не е конечно. Значи тие и да предложат мерка крајната одлука ја има Владата, рече Николов.
Според него бројката која се објавува оди дозирано за да не настане шок кај граѓаните.
Заболувањата се и од тоа што додека имаше полициски час некој делеше пакети, тераше кампања, рече Николов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.