Зоран Заев наместо да прави пи-ар со делење на мандатни писма на својата старо нова влада треба да се зафати со решавање на проблемите кои самите ги создадоа, напоменуваат од ВМРО-ДПМНЕ
Според партијата Заев од народот има мандатно писмо да обезбеди враќање на работа на 40-те илјади лица кои останаа без работа, токму во неговиот мандат поради катастрофалните економски политики. Да овозможи грозјето на лозарите да биде откупено по достоинствени цени, да ја врати цената на струјата на нивото пред последното поскапување, кога веќе не ја поевтини како што ветуваше пред неколку години и да ја намали акцизата на горивата за да може колку толку да се спречи падот на стандардот на граѓаните.
Исто така народот од него очекува да ги обештети сите оштетени во скандалот со пропаѓањето на Еуростандард банка од која навремено ги извлекоа парите Нина Ангеловска и неколку други фирми.
Народот во своето мандатно писмо адресирано до Заев бара неселективност и ставање крај на Луј Витон правосудството кое за дебели милиони тргувале со правдата. Се очекува да го реши проблемот со нормализирањето на образовниот процес и згрижувањето на децата во градинките, но и кратење на енормните непродуктивни трошоци кои ги прави неговата власт со набавката на луксузни возила и плати за партиските функционери во државните институции.
Народот очекува најголемиот буџет во историјата на македонија да се троши домаќински , а не да се зголемува и јавниот долг кој само за три месеци достигна нови 1 милијарда евра. До крајот на година нема да стигнат и уште 1 милијарда евра, ако продолжи оваа кримитендерашка власт да ги троши за луксуз и лично богатење, додека економијата и народот тонат во сиромаштија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.