Залудно Оливер Спасовски ја лажеше јавноста кога денес се соопшти дека акцијата „Планина“, во која што беше кажано дека е сузбиена огромна нарко – група, всушност се сведува на запленети неколку десетици грама дрога и слобода за главните нарко – босови, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Одговорот кој и зошто ги пуштил да се спасат главните нарко-босови може да се најде и на фотографиите каде се гледаат луѓето од власта, вклучително и првиот полицаец Оливер Спасовски, во нивно друштво. Спасовски треба да одговара затоа што е пробиена акцијата и што им е овозможено бегство на нарко – босовите. Во ваквиот мафијашки синџир неизоставен дел е и партиската обвинителка на Зоран Заев, Вилма Рускоска, која исто како и МВР на Спасовски вчера се фалеше дека е разбиена нарко – група, за да денеска ретерира и ја соопшти вистината. Луѓето од власта се способни само за криминал, посочуваат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат: „Поминува петта година како ниту еден сериозен криминалец не е уаспен, ниту пак е тргнат од улиците во државата. Да не се чуди владата зошто сите меѓународни институции ја вбројуваат оваа влада за најкриминална во Европа – тоа е така, затоа што мафија владее со државата“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.