Денеска од ВМРО-ДПМНЕ реагираа на изјавата на премиерот Спасовски дека изборите ќе се одржат на 5 јули.
Оливер Спасовски повика на избори на 5 јули во деновите кога се достигнува пикот на заразата со над 50 тина заразени, велат од ВМРО ДПМНЕ.
Според нив, Оливер Спасовски и Зоран Заев се директно одговорни за секој заразен и починат човек поради заразата со ковид, „затоа што на нив наместо во заштита на здравјето, паметот им е во фотелјите“.
Поголема зараза од Ковид, е заразата на лудилото наречено Заев-Спасовски кој ја втурнува државата во изборна кланица. Заев и Спасовски стануваат џелатите на сопствениот народ и губат контрола над работите. Во оваа држава приоритет број еден мора да биде здравјето на граѓаните. Лошите резултати со кои се соочуваме денес, се последица на лошото менаџирање во текот на изминативе 3 месеци, Комисијата за заразни болести која работи под диктат на Заев и наместо да работат самостојно беа само извршител на диктатите и политички желби на Зоран Заев, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.