ВМРО-ДПМНЕ, соопшти дека нивната советничка група во Град Скопје поднела пријави за градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, за начинот на прибирање и трошење на пари од анонимни спонзори.

Пријавата, велат, ја поднеле до Државниот завод за ревизија, Антикорупциската комисија и Финансиската полиција.

За Шилегов донацијата од 100 илјади евра за неколку часовниот настап на Дино Мерлин е анонимна, анонимна е и донацијата за најскапиот тревник кој скопјани ги чини 530 илјади евра, анонимни се и спонзорите кои го градат стационарот за кучиња Лајка, единствено не се анонимни ароганцијата, навредите и неспособноста на Петре Шилегов. И покрај постојано упатени прашања до Петре Шилегов, сè уште не добиваме никаков одговор освен дека се анонимни – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека тоа им отвора сомнеж за перење пари и финансиска злоупотреба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.