На денешниот Life chat na ВМРО-ДПМНЕ се презентираше „Преодната стратегија за справување со здравствено-економската криза“.
Професор д-р. Дарко Лазаров, претседател на Комисијата за економија на ВМРО-ДПМНЕ, истакна дека со оглед на фактот што сега се соочуваме со предизвикот на оваа здравствена – економска криза и со неуспехот на Владата предводена од СДСМ во изминативе 3-4 месеци да се справи со истата едноставно тимот кој што работеше на програмата и поголем број дијапазон на експерти во рамките на партијата и надвор од неа процени едноставно дека мора да се изработи една ваква преодна стратегија во насока на премостување во овој период особено во наредните два квартали до крајот на 2020-тата година.
Лазаров детално се осврна на деловите на третиот сегмент. Првиот дел од третиот сегмент е финансиска поддршка на сите граѓани кои што на некој начин се погодени од кризата. Вториот дел е поддршка на реалната економија односно на приватниот сектор. Бидејќи од приватниот сектор зависи од тоа колку брзо ќе се ревитализира Македонија и економијата. Третиот дел е поддршка на младите, бидејќи тие се иднината на Република Македонија. И четвртиот дел од третиот сегмент е поддршка на земјоделците, земјоделскиот сектор.
Лазаров нагласи дека целта на оваа стратегија е да се обезбеди што е можно побргу закрепнување на македонската економија, и што е можно помали негативни ефекти кои ќе се одразат на истата економија.
Стефан Андоновски, советник за меѓународна политика посочи дека со преодната стратегија ќе може да се пристапи и да се помогне на ранливите категории на граѓани.
Андоновски додаде дека мерките се поделени на три главни компоненти. Трите мерки кои што ВМРО-ДПМНЕ ги предвидува предвидено е помош од над 50 милиони евра, која што ќе биде директно вбризгана кај граѓаните, и тие директно можат да ги почувствуваат бенефитите. Првата мерка е поддршка на граѓаните со ниски примања и невработените граѓани. Втората мерка е 150 евра директна еднократна помош за невработени лица. Третата мерка е обезбедување 200 евра парична помош за сите лица кои ги изгубиле своите работни места за време на кризата. И обезбедување еднократна парична помош на лицата кои што да ги искористат како ваучер за туризам.
Кандидатот за пратеник во Петтата изборна единица и Претседател на Унијата на млади сили, Јован Јаулески, на денешниот Livechat на ВМРО-ДПМНЕ, ги презентираше проектите од предизборната програма за млади, и Преодната стратегија, во кои има проекти за вработување на 50.000 млади луѓе до крајот на мандатот, неповратни средства, ослободување од данок на доход, ослободување од партиципација за студентите, покривање на трошоци за основно образование и многу други проекти за младите луѓе.
Едно од најголемите ветувања на ВМРО-ДПМНЕ е вработување на 50.000 млади луѓе до крајот на мандатот, со тоа намалување на процентот на младинска невработеност под 10 проценти, потенцираше Јаулески.
Јаулески посочи дека за сите млади и останати кои работат во угостителството, Унијата на млади сили во соработка со експертскиот тим на ВМРО-ДПМНЕ предвидува ослободување од придонеси на персонален на доход за вработување на млади лица до 29 години во периодот од септември 2020 година до крајот на 2021 година, со што силно ќе се мотивира приватниот сектор да вработува млади лица, на тој начин да ја спречиме младинската невработеност, која е најголема во Европа.
Обезбедување на парични средства за невработени млади лица до 29 години коишто ја изгубиле работата во периодот на март месец до крајот на оваа година. Станува збор за неповратни средства кои се предвидени за сите млади луѓе кои ја изгубиле работата во овој период, вели Јаулески.
Порача дека ВМРО-ДПМНЕ останува најголем поддржувач на младите, се обврзуваме со програмата да го спречиме одливот на млади луѓе и да се намали младинската невработеност, да се подобри студентскиот стандард.
Јаулески истакна дека Преодната стратегија е првиот чекор во справување со оваа криза, каде за младите ќе има извоени голем број на проекти и мерки. Младинската платформата, ќе започне да се реализира штом ВМРО-ДПМНЕ ги превземе институциите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.