Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски нема да присуствува на состанокот на Советот за безбедност, дознава „Република“ од извори во партијата.

Досега нема воспоставено пракса на присуство на лидер на опозиција на состанок на Советот за безбедност освен ако тоа не го налага степенот на класифицираност на информациите за кои ќе се дискутира согласно сложеноста на ситуацијата. Сегашната средба е со низок степен на класифицираност „интерно“, што говори за формалноста на самиот состанок. Доколку во иднина се одржи состанок со повисок степен на класифицираност на информациите, а тоа го наложи евентуалната сложеност на состојбите, претседателот Мицкоски во интерес на граѓаните и интересите на Република Македонија, изразува подготвеност да присуствува на средбата, велат нашите извори од партијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.