Владата на СДСМ нема план за ништо кога станува збор за животот и доброто на граѓаните.Во овие три години откако тие се власт Република Македонија има висока стапка на корупција и правдата целосно ја заборавија. Правда не постои во државата зошто одлуките ги кажува Зоран Заев само да го прикрие криминалот кој тој го прави, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Ветуваа раст на економија, отворање на работни места, повисоки плати, но тоа остана само нивно предизборно ветување. Нема петстотини евра просечна плата, нема плата од сто илјади денари плата за докторите, нема раст од економијата од 4% на годишно ниво. Ветуваа и изградба на нов Клинички центар, но и за тоа не беа способни. Во време на пандемија Филипче е целосно изгубен и тоа го плаќаат граѓаните со нивните животи. Граѓаните не го заслужуваат ова тие заслужуваат добар и квалитет живот, велат од ВМРО ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.