Опозициската ВМРО-ДПМНЕ испрати реакција на изјавата на лидерот на СДСМ Зоран Заев дека жали што опозицијата не се израдувала на одлуката за старт на преговорите на ЕУ со нашата земја.
Профитерот Заев наместо да шири лажни вести, да засука ракавите и да почне да работи затоа што здравствениот систем крахира. Дволичноста на СДСМ уште еднаш излезе на виделина. Вчера, ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави позитивната одлука на Советот на министри на ЕУ и се надева на што поскоро добивање на датум за прва меѓувладина конференција со земјите членки на ЕУ – пишува во реакцијата.
Заев изјави дека Европа ја исправила неправдата кон нашата земја и дека жали што опозицијата не честитала за тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.