Во однос на тоа дека на листите за претстојните парламентарни избори нема голем број од досегашните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ како Илија Димовски, Димитар Стевананџија, Влатко Ѓорчев, Трајко Вељаноски и останати, генералниот секретар на партијата Игор Јанушев вели дека излегуваат на овие избори со нови луѓе кои може повеќе да придонесат и понудат за државата.

-Кажавме дека ќе излеземе со нови луѓе, никој не е венчан за функцијата, треба да дојде некој подобар, посвеж, кој можеби ќе даде повеќе. Важно е дека секој од нас е подготвен да понуди најмногу што може во однос на моменталната ситуација. Тие луѓе се дел од партијата, во иднина кога ќе бидат поинакви времињата особено по изборите, можеби ќе бидат поставени на функција, вели Јанушев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.