Со Јовевски како уставен судија, Заев поставува докажан послушник и бранител на криминалот во Уставен, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку наводите се обистинат и Јовевски стане уставен судија тоа нема да биде поради неговите компетенции, авторитет и минат труд, туку само затоа што 4 години беше заштитник на криминалот на власта.

Во време кога Јовески е шеф на ЈО, нема предмет за Заеви, за случајот “Рекет” каде од главниот извршител слушнавме дека парите од рекет завршиле кај Зоран и Вице Заеви.

Јовески не отвори случај ниту за Ден Дончев кој видовме како трпа туце пари во торба.

Јовески е извршителот кој премолчи и за исчезнувањето на името на Вице од пријавата за рекет во РЕК Битола.

Криминалот на власта ќе беше невозможен, доколку не беше кооперативноста на Јовески.

Поставувањето на Јовески во Уставен е уште еден во низата чекори за ставање на судот под палката на Заев.
Време е ова присвојување на институциите да запре. Време е за Македонија за сите луѓе!, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.