СДСМ за година дена пола Македонија ја затвори. Над 60.000 граѓани поради СДСМ останаа без своите работни места, околу 6.200 компании се затворија, а ништо не се изгради, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Срамно е СДСМ да се фали со градинки кои ВМРО-ДПМНЕ ги направи. СДСМ поради својата неспособност дури не ни успеа на време да ги доврши, ниту да ги отвори.вПретходната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ успеа за помалку од 8 години да изгради 70 градинки низ цела Македонија, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

А, власта и во ек на КОВИД-19 не ги заштити работничките со продолжување на породилното отсуство. А, ниту успеа да го организира процесот на работа во градинките за да се опфатат што поголем број на деца, за да мајките не ја губат својата работа или да се приморани самите да даваат отказ за да ги чуваат своите деца, додаваат од таму.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.