СДСМ се бори за гола власт, во спротивно Заев ќе ја поднесеше оставката која сам ја најавуваше, велат од ВМРО ДПМПНЕ по веста дека во Собранието на Македонија уште не пристигната оставката на Зоран Заев од премиерката функција која ја најави во неделата навечер по завршување на вториот круг локални избори.

СДСМ во заложништво ја држи државата која се справува со силна енергетска и економска криза. Нема да дозволиме губитникот Заев да ја повлече и државата со себе.

Потребна е одговорност за погрешните политики и силни реформи и промени, велат од ВМРО ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.