СДСМ ја партизира администрацијата и ја користи во свои партиски цели. Спротивно на сите меѓународни конвенции Сугарески и Талески од вработени во државната администрација барале како против надомест за нивното вработување да агитираат за претседателската кампања на Пендаровски, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ, преку соопштение до јавноста.
Станува јасно дека Заев лажеше за датум за преговори. Датум немаме и нема да имаме заради партизираната и политизирана администрација. Спротивно на Копенхашките критериуми и принципот на владеење на правото, се уништува принципот на владеење на правото, но и се повредува принцпот на јасна дистинкција помеѓу државата и партијата и се врши злоупотреба на државните ресурси.
ЈО треба веднаш да постапи по допрен глас и да поведе кривична постапка против Горан Сугарески и Миле Талески.
Очекуваме ЈО да постапка согласно закон и да поднесе кривична пријава против Сугарески согласно чл.353 од КЗ.
Дополнително ја повикуваме Антикорупциска да постапи согласно чл.40 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, кој јасно забранува на лица кои вршат државни функции да влијаат при вработувања.
Доколку институциите ја немаат слушнато аудио снимката ние го испраќаме линкот од истата која е постирана на Јутјуб.
Доколку институциите не се охрабрат и не поведат постапки против Сугарески и Талески против истите ќе бидат поведени постапки со враќањето на правната држава во Македонија, стои во соопштението на партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.