СДСМ со својата влада изминативе години донесе само корупција, криминал и хибриден режим. Наместо СДСМ да ги лаже граѓаните преку бледи и стерилни соопштенија, нека одговори со кои партии ќе обезбеди мнозинство и кој ќе биде премиер, наведе денеска ВМРО-ДПМНЕ во реакција на соопштение од СДСМ од каде повторија дека водат сериозни преговори за формирање влада со полн четиригодишен мандат.

ВМРО-ДПМНЕ оценува дека СДСМ со својата влада изминатите години донела само корупција, криминал и хибриден режим.

На граѓаните преку глава им е од лагите на СДСМ. Граѓаните на Република Македонија знаат дека СДСМ нема да обезбеди подобра иднина. СДСМ со својата влада изминативе години донесе само корупција, криминал и хибриден режим. Лагите на Заев веќе не поминуваат, прочитани се. Заради тоа што Заев и власта беа фрлени на криминал Македонија секој ден тонеше се повеќе и повеќе.Граѓаните не ги заслужуваат овие погубни политики на СДСМ и Заев. Граѓаните заслужуваат многу подобро, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ претходно соопши дека преговараат за формирање влада со полн четиригодишен мандат која ќе обезбеди прочистување на правосудството и проверка на потеклото на пари и имот на секој функционер.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.