Одлуката на српските власти да им дозволат на граѓаните на Македонија да се вакцинираат во Србија е голем пријателски гест, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Истовремено, оттаму истакнуваат дека тоа што Македонците се принудени да одат во странство за да добијат вакцина, зашто тоа не им е овозможено во земјава е голем срам и пораз на македонските власти.
Пријателскиот гест на Србија, пораз за Филипче кој дозволува да му умираат до 40-тина лица дневно само од корона.
Венко Филипче вели дека тоа што граѓаните заминале на вакцинирање во Србија е пријателски гест на соседна Србија.
Да, Филипче, тоа е пријателски гест, ама е голем срам за тебе, за владата предводена од Заев.
Сите тие граѓани кои заминуваат на вакцинација во Србија, плаќаат даноци во Македонија, плаќаат здравстевно осигурување, а поради неспособноста на Филипче и Заев се приморани да патуваат за вакцина.
И во ваква ситуација, Филипче се дрзнува да каже дека ова сега се е под контрола иако бројката на починати се движи кон четири илјади.
Се шета по телевизии и вели следната недела ќе биде критична, а во меѓувреме не прави ништо.
Ама иако вели дека следната недела може да биде критична, сепак, попис можело да се спроведе.
А, тоа што опозицијата изразува незадоволство и протест од лошата ситуација не било во ред, ама во ред беше кога минатата недела тој и неговите партиски пријатели се шетаа, се сликаа и гласаа за единствениот кандидат за претседател на нивната партија.
Само кога Филипче и Заев ќе си заминат граѓаните ќе видат што е грижа за нив! А, Филипче и Заев ќе одговараат за оваа катастрофа која им ја приредија на граѓаните! – реагираат од ВМРО-ДПМНЕ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.