Излезе на виделина дека премиерот во заминување спрема нов пораз и продажба на идентитетот во исто време кога се колне во црвените линии и Македонија, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ од каде додаваат:

Заев како редок прототип на квислинг во исто време кога вели дека го сочувува идентитетот се докажува дека повторно лаже.

Еве 5 факти кои го потврдуваат тоа.

1. Заев изјави дека е постигнат напредок во преговорите меѓу комисиите, претставниците на комисиите изјавија дека нема напредок, што значи дека Заев лаже.

2. Заев изјави дека не преговара за идентитетот додека претставници на историските комисии потврдија дека камен на сопнување е токму зборот „македонски“, што е фундаментот на нашето идентитетско определување.

3. Заев кажа дека има напредок за 5 историски личности, претставници на комисиите изјавија дека нема дефинирано заклучоци и има нула напредок и на тоа поле.

4. Заев изјави дека се пред договор за 11 записници од средбите на историските комисии додека бугарската страна го негира тоа.

5. Заев се откажа јавно од антифашистичкото наследство со самото тоа што Бугарите ги прогласи за ослободители наместо окупатори во Втората светска војна.

Зоран Заев треба да одговара за велепредавство. Тој е изворот на проблемите додека решението е народот. Ќе се извини ли Заев за тоа што повторно ја лажеше јавноста и што се пазари за идентитетот?, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.