ВМРО-ДПМНЕ предвидува изградба на четири нови Клинички центри. Лекарите и медицинските работници ќе добијат 20% повисоки плати, а специјализантите ќе имаат гарантирана плата и платени дежурства, велат од партијата во соопштение испратено до медиумите.

Станува збор за Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, Универзитетски клинички центар „8-ми септември“, кој би работел под административна капа на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, Универзитетска клиничка болница – Штип и Универзитетска клиничка болница Тетово.

Од партијата велат дека здравството е еден од главните столбови на нивната програма.

Ветуваме дека ќе работиме во насока на креирање на модерно здравство, со врвни и квалитетни услуги. Ќе инвестираме како во болници и апарати, така и во човечки потенцијал. Достоинството на лекарите и медицинските работници мора да биде вратено, се вели во соопштението.

Од партијата ветуваат дека комплетно ќе се посветат за здравство без хартија, со укинување на рецептите и пружање на услуги само со лична карта, а лекарите и медицинските работници ќе добијат 20% повисоки плати, додека пак специјализантите ќе имаат гарантирана плата и платени дежурства.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.