Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат на прес конференцијата на портпаролката на СДСм, Богданка Кузеска
Најкорумпираниот режим во заминување наместо да одговори на рецесијата и на понижувањата, наместо да одговори на потребите за вакцини и да мисли на отпуштените работници, упорно се обидува да се затскрие зад обидот за пласирање лажните вести.
Режимот на Зоран Заев не сфаќа дека повеќе никој не му верува. Режимот, но и самиот Заев мора да одговорат за лагите за Монструм, за лагите за Младенов, за малата Тамара и впрочем за сите лаги за животот во Македонија пред да се обидуваат некого друг да го обвинат за актуелните состојби.
Впрочем сите нивни лаги се разобличени, сите нивни прес конференции за оцрнување на личности од опозицијата се и институционално побиени. И оттука, препознаени и одбиени се нивните обиди преку вака пласирани лаги. Таков е и обидот за хајка против Антонијо Милошоски, создаден од нив единствено со цел за криење на насилник во своите редови, откриен токму од Милошоски. А насилството и до сега е разоткриено во СДСМ, од градоначалници кои тепаа жени, градоначалници коишто напаѓаа учителки, градоначалници – шверцери што пукаа по полиција, градоначалници што се закануваа и прислушуваа граѓани. Сега и денес, СДСМ крие насилник во своите собраниски клупи.
Затоа, пред лажно да обвинат некого, Заев и неговите од режимот мора да се извинат за своите лаги и да се повлечат од политиката, мора да ги извадат на виделина и да ги осудат насилниците од своите редови и да ја остават политиката и да го вратат Собранието на чесни луѓе со интегритет – се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.