ОД ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека во Македонија е неопходно да се формира техничка влада во февруари и да има предвремени избори во мај, затоа што СДСМ нема кредибилитет да ја води државата.

Земјата е во економска, здравствена и енергетска криза. СДСМ е главниот виновник за лошата ситуација во која се наоѓа државата и тие не можат да бидат решението. За државата да излезе од кризата потребни се промени.

 

Бидејќи и СДСМ и ДУИ се декларираа дека сакаат премиер Албанец, а доколку нивните заложби се реални, а не водени од други побуди. ВМРО-ДПМНЕ го предлага Африм Гаши да ја води владата која ќе ги организира изборите, и тој ќе добие поддршка од опозицијата. Веднаш потоа да се формира техничка влада, а изборите да се закажат за мај месец.

 

Доколку СДСМ, и ДУИ одбијат тоа ќе покаже дека се што прават е само чист фолклор за да крадат и лажат. За под превезот на национализми да го ограбуваат сиромашниот народ и во Тетово и во Берово, и во Гостивар и во Штип, истакнуваат од опозицијата.

 

Време е на корупцијата и криминалот да им се застане на патот, а тоа е една од најголемите причини зошто се потребни предвремени парламентарни избори во мај –  наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.