Владата на СДСМ е целосно изгубена во справување со пандемијата во земјата, ова преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
Без никаков срам Заев и Филипче се фалеа дека ситуацијата е под контрола и дека пандемијата ќе се надмине. Последните четири дена имаме троцифрен број на новозаразени,а за тоа главни виновници се Заев и Филипче. Доколку тие ја следеа ситуацијата и се грижеа за граѓаните бројката на новозарзаени ќе беше многу помала. Очигледно граѓаните се препуштени сами на себе. СДСМ ќе одговара за се пред граѓаните. 3 години Заев, 3 години хибриден режим, 3 години неспособност, криминал и сиромаштија. СДСМ никогаш повеќе, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.