На скандалите поврзани со Зоран Заев им нема крај. Лагите на Заев кој ги ветуваше и пласираше во јавноста излегуваат на виделина. Заев ветуваше правна држава, а добивме обвинителство и судство каде без него не може да се одлучи дали некој криминалец ќе оди во затвор или не. Во која држава во светот премиер одлучува кој ќе оди во притвор, а кој не. Ова стана секојдневна рутина на Заев, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-Заев стана како поговорката „Кадија те тужи, кадија те суди“. Денес во судницата јасно се потврди влијанието на Зоран Заев врз одлуките на судиите, како тие треба да одлучат и каква одлука да донесат. Пораките презентирани денес во судот, во случајот „Меѓународен сојуз“ откриваат како Зоран Заев директно се меша во одлуките на судот и обвинителството. Во презентираните пораки Зоран Заев вели – „Јас ќе замолам во ЈО и Суд да доделат полесна мерка, да не биде затвор”. „Другар, има докази за Јасна ми кажуваат. Но ќе се обидам да не е притвор”. „Нема да оди во притвор”. Од Зоран Заев зависи кој, колку и дали ќе оди во притвор. Заев има извршено кривично дело според Кривичен Законик на Република Македонија член 359 каде што извршил директно влијание и ја искористил својата премиерска положба да се вмеша во одлуките на правосудните органи и да влијае да обвинетата Мандиќ не оди во затвор, истакнуваат од опозицијата.
Премиерот во заминување за ова ќе се казни од народот. Граѓаните на Заев ќе му пресудат во името на законот и Уставот. Крајот на Зоран Заев е се поочигледен, додаваат од таму.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.