Поминаа повеќе од 16 часа, владата молчи и не дава никакви информации за трагедијата во Тетово,се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните чекаат информации, а институциите молчат.

Апелираме до владата Венко и Заев да излезат во јавноста и да споделат се со јавноста што до сега е откриено.

Трагедијата која се случи во Тетово е национален траор кој ја потресе целата нација. Нашите мисли и молитви се со семејствата на починатите, но и желби за брзо закрепнување на сите повредени.

Очекуваме владата навремено да ги информира граѓаните, но и да спроведе се што е потребно за помош на терен, за семејствата на починатите и за повредените.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.