ВМРО-ДПМНЕ поддржува измени и дополнувања на изборниот законик согласно препораките на ОБСЕ-ОДИХР со кои ќе се овозможи поголема транспарентност на изборниот процес и поголема ефикасност на изборните органи, но пред се поголема можност за избор на граѓаните со непосредно гласање за посебно по една личност –кандидат од секоја предложена листа на партиите и независните листи на кандидати.
Ваквата опција за отворени листи овозможува поголема демократија во која личноста на кандидатот, а не само партијата ќе бидат избирани од страна на граѓаните да одлучуваат за нивната општина.
Дополнително, со измените на законот се доуредуваат аспектите на изборната кампања, времето на рекламирање, роковите, содржината и постапката на доставување на финансиските извештаи, и други процеси поврзани со изборниот процес.
Измените на изборниот законик согласно препораките на ОБСЕ-ОДИХР се пракса пред секои избори во консензус со партиите да се подобри изборниот процес со крајна цел фер и демократски изборен процес, пред се во интерес на опозициските партии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.