Од ВМРО-ДПМНЕ бараат, како што велат, пиунот на Заев, Димитар Ковачевски да се извини што ја лажеше јавноста за курсот кој го претставува како диплома од Харвард.

Доколку беше чесен, Ковачевски ќе реагираше веднаш кога медиумите го преставија како студент на Харвард. Димитар Ковачевски со денови молчеше додека одредени медиуми го претставуваа како студент на Харвард.

 

Кога ВМРО-ДПМНЕ ја откри лагата тој призна дека лажел, но се уште не се извинува. Ковачевски треба да се извини за лагите со кои ја наведуваше јавноста да мисли дека тој е студент на Харвард. Тој дури и на својот Линкедин профил го навел Харвард како свое образование, иако се работи само за неколку дневен скап курс.

 

Ковачевски не е никаков студент на Харвард, тој е измамник по теркот на Зоран Заев, на кого и му се поклони – истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.