Петре Шилегов со години го финансирал секс кампот каде се трауматизирани малолетни деца, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Вчера објавивме документ – информација испратена до директорите на средните училишта на Град Скопје од кој се гледа дека и во 2021 година Шилегов го финансирал секс кампот. Според досега достапните информации. Шилегов го финансирал скандалозниот проект најмалку 2 години. Залудни се обидите на Шилегов да се отргне од одговорност. Од документот кој вчера го објавивме се гледа дека од страна на Град Скопје е испратена информација до директорите на средните училишта на Град Скопје за тоа кои проекти се избрани на јавен повик и финансиски и поддржани од Град Скопје. Во тој документ јасно е наведено дека проектите се насочени кон остварување на програмските цели на Град Скопје во областа на образованието, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата посочуваат дека Шилегов знаел или морал да знае за проектот. Шилегов сноси морална и политичка одговорност за овој скандал.
Со пари на скопјани е финансиран проект со кој се нанесени тешки психолошки трауми врз десетици малолетни деца.
Шилегов е директно виновен за психичките лузни врз десетици малолетни деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.