Стево Пендаровски на бугарскиот премиер Бојко го ословуваше со “љубави”, но освен додворување конкретна корист за државата не видовме, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, Пендаровски призна дека дава изјави со цел да и додвори на бугарската негаторска политика, на штета на Македонија.
Претседателот на државата призна дека дава изјави такви со какви им угодува и ги задоволува желбите на Софија на сопствена штета за државата, како таа дека херојот Гоце Делчев бил бугарин. Со други зборови освен на Заев, Стево Пендаровски е на услуга на Бугарија кој дава изјави без обзир за принципите и вистината, и без обзир за македонските државни интереси.
Пендаровски покажа дека е продолжена рака и слуга на штетните политики на Заев, и неговата улога се сведува да ги оправдува и надградyва неговите предавнички политики.
Ако договорот кој Заев го склучил бил исти како оној кој е преговаран од Костов и Љубчо, зошто тогаш не бил склучен договорот кој денес го постигна Заев, одговорот е зошто ниту една влада, вклучително и тие на СДСМ порано не превземаа обврски со еден таков штетен договор.
Ветото од Бугарија е последица на штетниот договор на Заев, со што ја отвори паднорината кутија која денес го обезличува идентитетот на Македонците и државата.
Пендаровски не даде одговор како и што понатаму со државата откако неговиот шеф Заев ја втурна земјава во слепа улица.
Ако нон пејперот кој Заев го понуди на Бугарија е технички тогаш зошто воопшто се понудил документот или пак причината зошто се крие е зошто со тој документ Заев самоволно се откажува од македонското малцинство, историјата, јазикот.
Ваквото безидејно интервју покажува дека со ставовите на Заев и Пендаровски единствено среќни би биле бугарските власти, велат преку соопштение ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.