Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ изразува подготвеност да седне и да разговара за предизборна соработка со секој оној кој цени и мисли дека Зоран Заев и СДСМ треба да си заминат од власт. Мицкоски во врска со разликите во стојалиштата на различните партии направи споредба дека и во едно семејство секој нема да се сложува со секој но генерално доколку се има заедничка цел, а тоа е градење на семјеството тогаш разликите се надминуваат. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски појасни дека доколку се има заедничка цел која што е цел над сите цели, а тоа е симнување од власт на Заев и СДСМ, борба против корупцијата и стагнацијата во државата тогаш ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да седне и да комуницира за заедничките разлики.
„Секој оној кој што цени и мисли дека Зоран Заев и оваа Влада на СДСМ лошо работат, подготвен сум со секого да седнам и да разговарам. Видете и дома нема да се сложувам секогаш со Јован, Рози и Антонио. Генерално имаме една заедничка цел да го градиме нашето заедничко семејство. Ако ние имаме една заедничка цел која што е цел над сите цели, а тоа е апсолутно да можеме да седнеме и да комуницираме за нашите разлики“, рече Мицкоски.
Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е спремно да разговара не само со Левица, туку и со сите други партии кои што се идентификуваат како партии кои припаѓаат на опозициското политичко крило, а кои сакаат оваа влада да замине.
„Не само со Левица и со Солза Грчева, и со сите останати кои што се идентификуваат како политички партии кои што припаѓаат на опозициското крило и кои што сакаат оваа Влада да замине се добродојдени да разговараме“, кажа Мицкоски.
Запрашан дали е подготвен за соработка и со опозициската „Левица“, чии ставови меѓудругото се и земјата да излезе од НАТО, Мицкоски вели:
„Јас ни дома нема секогаш да се сложам со Јован, Розе и Антонио. Но, имаме цел, заеднички да го градиме нашето семејство. Ако имаме една заедничка цел, којашто е заедничка над сите цели, можеме да седнеме и да комуницираме за нашите разлики и да ги договараме и да ги пегламе“, рече Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.