Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски за трагичната несреќа кај Ласкарци во која загинаа 15 лица.
Од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција рекоа дека има пропуст во дозволата за работа на техничкиот преглед кој исто така е сопственост на Дурмо Турс.
Станицата за технички преглед авто мото здружение Гостивар добила забрана за вршење на технички прегед од страна на Министерството за внатрешни работи, но по само неколку дена вршен е нов надзор и решението за забрана им е поништено, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.