Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се приклучија на протестот на „Македонија блокира“ што почна денеска во 12 часот. Мицкоски порача дека ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува на седницата за уставни измени која е презакажана за во 16 часот.

Откако претходно претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски даде изјава за медиумите, рече дека се е кажано во неговиот прес и не сакаше да даде изјава пред Собранието, по што се појавија гласини дека Мицкоски одбил да даде изјава.

Од партијата велат дека ВМРО-ДПМНЕ останува на барикадите и не сака да ја злоупотреби говорницата, тоа што имало да го кажат го кажал претседателот Христијан Мицкоски преку изјава за медиумите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.