Четири недели Заев молчеше. Четири недели се переа од одговорност. Четири недели му требаа на Заев да смисли како да го спаси Филипче и на крај го обвини кабелот за 14 живи изгорени луѓе. За на крај да утврдат дека никој не е виновен, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Дури и да се земе како точна тезата на Заев дека кабелот е причината за пожарот, Филипче и Хасани носат одговорност зошто употребиле високо запалив материјал од таканаречени ПУР панели, а не вградиле ПИР панели. Филипче и Хасани со вградување на ПУР панели во болницата и пресудиле уште кога ја поставиле.

Болницата изгоре, беше целосно пеплосана за 3 минути, а тоа не е време ниту за кое може еден човек да се евакуира, а не пак 14 луѓе.

Филипче и Хасани носат одговорност и зошто во тетовската болница не е искористен објектот на два спрата во рамки на болницата кој е од цврста градба и е празен, а сѐ што требало е да се опреми со медицинска опрема и да биде спремен за пациенти, таму ниту ќе дошло до краток спој, ниту ќе изгорел објектот како чкорче кибрит. Филипче и Хасани се виновни по сите основи, и оставката е најмалку што можат да направат.

Исто така очекуваме ЈО да не ги следи во линија тезите на Заев и да преземе активности кон првите луѓе во министерството. Не смее 14 луѓе живи да горат, а за тоа никој да не е виновен. Одговорност мора да има“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.