ВМРО-ДПМНЕ останува на својот став и нема да учествува во работата на Собранието каде што денеска започнува последната фаза од уставните измени за ратификација на договорот за името со Грција. Партијата очекува нејзините пратеници овој пат да бидат единствени и да не гласаат за преспанската спогодба, но, за секој случај, уште сега најавуваат дека доколку има „предавници“ – веднаш ќе бидат исклучени.

Тврдат дека власта продолжува да ги притиска и уценува нивните членови за да бидат безбедни дека имаат сигурно двотретинско мнозинство.

Пратениците ја следат конгресната резолуција и партиската програма, практично ги следат одлуките на извршниот и на централниот комитет, така што останува да веруваме во нивната чесност, велат од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.