Пандемијата коси низ Македонија, граѓаните ги трпат последиците од мерките, а СДСМ ја злоупотребува вонредната состојба. Нема соодветна заштита за медицинскиот персонал и за граѓаните, недостасува сеопфатно тестирање, а функционерите на СДСМ се однесуваат како шерифи, обвинува ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение.
Единствено нешто што функционира се огласите за времени вработувања и парите кои се слеваат кај партиските послушници. Граѓаните се прашуваат дали власта се наоѓа во состојба на епидемија и криза или во политичка кампања. Советник на СДСМ во полициски час си тераше партиска кампања, а директор си објавуваше фотографии како со друштво прославува. Републичкиот штаб нема информации дека општински штаб е тестиран заради сомненија дека членовите се инфицирани и само заради пропаганда одржува состанок под ризик да ја рашири заразата. Протоколите се игнорираат, а заради внатрепартиски битки се игнорираат и барањата на општинските штабови – пишува во партиското соопштение.
Според ВМРО-ДПМНЕ, целата паника се користи за ослободување на инволвираните во случајот „Рекет“.
Државата, како што велат, е во хаос и дополнително ќе ја заглават на долг рок.
Рецесијата е започната, пари нема за бизнисите, граѓаните се исплашени за својата егзистенција, а власта нелогично ќе ја спасува олигархијата од пропаст- додаваат од ВМРО ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.