Власта рамнодушно и со паушални ветувања го дочека новиот податокот за високиот број на невработени, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Секојдневно стотици граѓани го губат своето работно место, а Заев смислува кадровски распределби кој на која директорска функција ќе биде во државата од партиските работници, додека Македонија се ближи до економското дно.
Шекеринска во министерството за одбрана купува колачи и вафли додека 40.000 луѓе ново невработени немаат ни за леб.
Во вториот квартал од 2020 година, Македонија бележи нето одлив на странски директни инвестиции во износ од над 9 милиони евра. Приходите во буџетот се за 14 % помали од лани, јавниот долг за три години е над 5 милијарди евра, нема раст на 5-7 % годишно, туку пад во индустријата, градежништвото, трговијата, пораст на сивата економија и повеќе корупција, порачуваат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека Заев не знае како да донесе развојна економија.
Брановите на отпуштања ќе продолжат и економијата ќе продолжи да тоне, заради преголемите лаги на СДСМ и изманипулираните граѓани кои веруваа во 500 евра плата и подобар животен стандард.
На изборен поткуп се потроши милијарда евра оваа влада, а ниту стопанството се спаси од криза, ниту граѓаните имаат повеќе пари, единствено само сиромаштијата е зголемена. Заев донесе скапа цена на струја и сиромашен народ.
Бизнисмените молат за помош, лозарите се игнорираат, текстилците се на работ на преживување, а секојдневните масовни протести низ градовите заради зголемување на цената на електричната енергија се вистинскиот лик за оваа влада која нема идеја како да ја води државата, се наведува во партиското соопштение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.