Лани во февруари тогашниот началник за сузбивање на организиран криминал во МВР Лазе Велковски во спрега со обвинителката Вилма Русковска ја менуваат третата страница од пријавата во која се искажани сериозни сомневање за рекет од одговорни лица на РЕК Битола во делот каде се споменува и името Вице Н. (непознато презиме). Ова денеска на брифинг го соопштија од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ и поделија документи за кои велат дека се гледа каде е сторен фалсификатот. Тие нагласуваат дека лицето чие име исчезнува од записникот има исто име со братот на премиерот. Коментираат дека врз основа на информациите и сознанијата кои ги имаат основано се сомневаат дека се работи за братот на премиерот Зоран Заев, Вице.
Според нив откако началник на МВР видел дека во записник на одделението за организиран криминал во МВР доставен до Обвинителството за организиран криминал на Вилма Русковска била доставена информација за лице кое што според името е близок роднина на премиерот Зоран Заев, бил променет записник кој што е заменет со друг. Според сознанијата на ВМРО-ДПМНЕ началникот од Битола го враќа записникот до Велковски. Велковски оди кај Вилма Рускоска, и во корелација со неа ја заменува третата страница исфрлајќи го името на Вице.
Постои основано сомнение дека се работи за полициско обвинителска прега меѓу Русковска и Велковски за да се прикрие криминалот на Заеви. Лазе Велковски и Вилма Русковска фалсификуваат службена белешка за да го заштитат Вице. Составуваат документ без делот од третата страница каде се спомнува име Вице Н. Невнимателно удираат печат пониско, а го заведуваат под истиот број како првиот документ – посочи лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.
Мицкоски отвори нова афера – 250 илјади евра за Вице од Рек Битола – Република (republika.mk)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.