Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски денеска на прес-конференција објави нови кандидати за градоначалници на претстојните избори. Станува збор за 10 кандидати.

Јован Тозиовски – Ресен

Како кандидат за градоначалник на општина Ресен, ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери го подржуваат Јован Тозиевски, вработен во Јавното претпријатие во Ресен, со претходен ангажман во МЗШВ. Претходно бил и член на Советот на Општина Ресен во два мандати, па сметаме дека добро ги познава локалните проблеми и потреби.

Билјана Проеска – Крушево

Кандидат за градоначалник на општина Крушево предлагаме да биде Билјана Проеска. Таа е професор во гимназијата во Крушево по македонски јазик, работи таму веќе 20 години. Добро ги знае проблемите во општина Крушево има добра комуникација и со младите и со нивните родители и сметаме дека ќе може да го освои изборниот праг за да може да донесе победа во општина Крушево.

Николчо Стојменовски – Делчево

Кандидат за градоначалник за општина Делчево е Николчо Стојменовски. Тој е доктор по ветеринарна медицина, со претходно работно искуство и во Бугарија и во Германија и во општината Делчево. Сметаме дека има добар углед во општина Делчево и ќе ја освои доербата на граѓаните.

Борче Спасовски – Ранковце

Кандидат за градоначалник на општина Ранковце е Борче Спасовски. Тој се занимава со трговија и е мал стопансвеник, сметаме дека оваа негова комуникација со општината Ранковце, му овозможува комуникација со голем број од жителите коишто го предложија за да биде кандидат за општина Ранковце.

Ѓорѓе Божинов – Ново Село

Кандидат за градоначалник на општина Ново Село е Ѓорѓе Божинов. Тој е дипломиран економист, моментално е вработен во приватна градежна компанија како Извршен Менaџер.

Славе Андонов – Василево

Кандидат за градоначалник на општина Василево е Славе Андонов, дипломиран правник. Сметаме дека ги има сите потребни квалификации општина Василево да ја направи подобра и економски подинамична општина.

Саше Силјановски – Дебарца

Кандидат за градоначалник на општина Дебарца е Сашо Силјаноски. Семеен човек, дипломиран шумарски инженер вработен во министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и важи за добро познат човек во општина Дебарца и сметаме дека ќе биде одличен кандидат за градоначалник на општината.

Митко Јанчев – Кавадарци

Кандидат за градоначалник на општина Кавадарци е Митко Јанчев. Сметаме дека е добро познат на македонската јавност како менаџер на една од најуспешните компании на државата, но исто така и во општината Кавадарци како градоначалник кој што реализира голем дел од проектите кои што се битни за кавадарчани. Предлогот за господинот Јанчев е барање токму и на мнозинството на жителите на Кавадарци.

Борчо Коцев – Зрновци

Кандидат за градоначалник на општина Зрновце е Борчо Коцев. Тој магистрирал на Факултетот за Безбедност. Има партиски мандат во општинскиот комитет во Зрновци, има добри резултати направено и претходно во самата општина по однос на доверба на други изборни циклуси и сметаме дека може да биде и добар градоначалник на оптина Зрновци.

Тодорче Николовски – Кратово

Кандидат за градоначалник на општина Кратово, Тодорчо Николовски предложен од Социјалистичката партија. Господинот Николовски има правосуден испит, дипломиран правник, вработен во 2012 година во општина Кратово. Потоа, имал во ЈП Хидросистем Злетовица и сметаме дека со ова негово работно образовно искуство ќе биде добар и успешен градоначалник на општина Кратово.

 

Со почит,



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.