Нови, некорумпирани и кандидати со најголема поддршка кај граѓаните е понудата на ВМРО-ДПМНЕ за наредните локални избори, велат од партијата.
Кандидати кои имаат визија, план и стратегија за подобрување на животниот стандард на граѓаните, како и за градење и развој на секоја општина. Во понудата на кандидати на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори кои ќе се одржат на 17 октомври се докажани професионалци, стопанственици, доктори и опшественици кои се докажани и познати во средините од каде што доаѓаат. Нова сила во политиката која ќе донесе промени во секоја една општина, нови работни места, нови улици и нова инфраструктура. Кандидати кои ќе допринесат за развојот и просперитетот во својата средина, кои што во нивните програми ќе има место за секој еден граѓанин да почуствува дека е опфатен во креирањето и градењето на неговата општина, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Кандидати кои се во секојдневна комуникација со народот, и кои одговорно и посветено ќе работат за граѓаните.
СДСМ нуди кандидати кои што имаат криминално досие или се во целосна одбрана на криминалот на власта. Истите стари потрошени и докажано неспособни кадри кои што немаат реализирано ниту 10% од своите програми од претходните локални избори. Ова е разлика помеѓу кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Нови наспроти стари и истрошени кадри, професионалци наспроти криминалци, способни и докажани наспроти неработници. ВМРО-ДПМНЕ има вистинска понуда за нов почеток за сите луѓе во Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.