Во вечерашното гостување на шефот на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори, Игор Јанушев, изјави дека кандидатката Сиљановска има голема предност кај сите избирачи, без разлика дали станува збор за Македонци, Албанци, Власи, Бошњаци,Турци, Срби и сите останати.
Тој рече дека сите негови средби и разговори со граѓаните низ Македонија во изминатите два месеци одат во насока во насока на потврдување на победата на професорката Сиљановска.
Бојкот нема да има, може да има после првиот круг ако СДСМ повика на бојкот. ВМРО-ДПМНЕ ниту повикало, ниту ќе повика, ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе референдумски, сите поддржувачи на Гордана Сиљановска Давкова ќе излезат референдумски и ќе ви нанесат таков страшен пораз што за неколку месеци ќе морате да распишете парламентарни избори, му порача Јанушев на Кирацовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.