Не сме сигурни дали позади ФБ статусот стои Зоран Заев, но ако е тој нека одговори кога ќе си поднесе оставка, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Со оглед на фактот што цели осум дена го нема никаде во јавност Зоран Заев кој инаку најави оставка и го снема, отвораме дилема дали вистински седи и позади неговиот последен ФБ статус, додаваат оттаму.
Доколку е навистина тој, тогаш добро е да одговори макар и на ФБ, кога ќе си го исполни последното ветување за оставка од премиер и претседател на СДСМ?
Кога збори Заев за кауза, за ЕУ, Бугарија и Охридски договор, треба да се знае дека мисли единствено за заштита на криминалот, тендерите, кражбите во РЕК.
Единствено Заев е загризен за фотелјата не и за иднината на државата.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.