ВМРО-ДПМНЕ нема да го легитимира нечесниот предлог на Заев кој е само за коалиција, трговија и пазарџиство и од тука нема да го прифати неговиот предлог. Парите треба да се трошат за народот, а не за трговија на Заев, изјави Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конференција. Нечесниот предлог, како го нарекува е тој на мандатарот Заев дека СДСМ ќе се откаже од свој потпреседател на Собранието, ама само доколку и ВМРО-ДПМНЕ го стори тоа.
Што се однесува до предлогот за потпретседатели на Собранието, на површина излегува лукративноста и пазарџискиот менталитет на Зоран Заев. Во исто време кога се фали дека се кратат министерства треба да каже дека се трошат пари за нови тела и секретаријати преку кој ќе продолжат да функционираат тие министерства и се воведуваат 5 потпретседателски места во Собранието кои ќе ги трошат народните пари додека народот осиромашува. ВМРО-ДПМНЕ нема да го легитимира нечесниот предлог на Заев кој е само за коалиција, трговија и пазарџиство и од тука нема да го прифати неговиот предлог. Парите треба да се трошат за народот, а не за трговија на Заев. изјави Стојаноска.
Сепак и покрај овој став на опозициската партија не е извесно дали партијата воопшто ќе предложи свој кандидат. Во текот на денот поранешениот пратеник Илија Димовски ја повика својата партија да не кандидира потпретседател на Парламентот.
Ако сме сериозна партија која има намера да застане на своите принципи и критики, ВМРО-ДПМНЕ во знак на прифаќање на критиките на јавноста за непотребниот број на потпретседатели, сам треба да се откаже од позицијата што му следува и да ги покани сите партии кои правеле пазари за овие функции, да го сторат истото, смета Димовски.
Оттаму претходно тврдеа дека се многу пет потпретседатели, а таков став има и поранешниот собраниски спикер Трајко Вељановски.
Заев денеска во одговор на критиките за ова прашање рече дека СДСМ ќе се откаже од својот претставник на позицијата заменик-претседател на Собранието, но само ако ВМРО-ДПМНЕ прв го направи тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.