Народот одбра промени и нова иднина, проекти наместо криминал. Народот ја препозна новата енергија на ВМРО-ДПМНЕ и кадровската понуда која ја презентиравме, со луѓе компетентни и докажани во своите места на живеење – стои во денешното соопштение на партијата.

Тие велат дека над 100.000 граѓани повеќе одбрале и го дадле својот глас за ВМРО-ДПМНЕ, а не за СДСМ.

Граѓаните во 43 општини и градот Скопје покажаа дека сакаат промени. Надежта е родена. Народот одбра работа наместо тендери. И градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ уште од првиот ден покажуваат разлика. Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ја носат иднината. Проектите кои ги ветија ќе бидат исполнети, а тие значат забрзан развој, подобро и поудобно живеење. Народот одбра иднина. Посветено и чесно ќе работиме за подобро утро на сите – велат од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.