Маричиќ да си поднесе оставка што познати криминалци се на слобода. За каква реформа во судството зборува Маричиќ кога СДСМ е власт 5 години, а во тие 5 години нема криминалец кој не им избега. 215 светски криминалци добија пасоши со лажен идентитет, луѓе бегаат од затвор, нема криминалец кој не е во сојузништво со власта, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Командирот на полициската станица во Прилеп кој беше фатен во акција на американската ДЕА е пуштен од притвор и однесен во домашен притвор, а тој беше дел од трговија со дрога со шоферот на Заеви. Градоначалници на СДСМ, како Боро Марлборо беа фаќани во шверц, а потоа беа ослободувани. На Оливер Спасовски му пропадна цела акција како „Планина“. Вице Заев го снемува од обвинение, а никој за тоа не сноси последици, велат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека власта е буквално недопрена.
Криминалци работат за СДСМ, а Заев исплашен од огромен пораз активира криминалци за да го намали поразот. Народ не може да истера правда, а за мафијата закон не важи. Време е да се стави крај на криминалот, време е за одговорност, посочуваат од партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.